ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Мо Салах зад себе ги остави Руни, Ширер, Анри…

Двата гола и асистенцијата на Мохамед Салах на натпреварот против Њукасл Јунајтед не беа доволни за Ливерпул да замине од северот на Англија со цел плен, но беа доволни египетскиот репрезентативец да се искачи на врвот на Премиерлигата и да стане нов рекордер.

Имено, тоа беше 37. натпревар во кој Салах постигна гол и забележа асистенција во еден натпревар со што го надмина рекордот на Вејн Руни кој сега е зад Египјанецот заедно со Ендру Кол, Алан Ширер, Тијери Анри…

Се вчитува...