Хаверц: Најпаметна работа во животот ми е што го напуштив Челси за Арсенал

Каи Хаверц беше херој на Челси откако го постигна победничкиот гол во финалето од Лигата на Шампионите со Манчестер Сити, но Германецот го навлече бесот на фановите на тимот од „Стемфорд бриџ“ со најновата изјава дадена за англиските медиуми.

Тој во летото 2023 година го напушти Челси потпишувајќи за градскиот ривал Арсенал, одлука со која Хаверц отворено се гордее…

„Од денешна перспектива, мислам дека заминувањето од Челси и потписот за Арсенал ми е најдобра работа што ја имам направено во животот. Пресреќен сум во Арсенал, имам голема поддршка од сите во клубот, од првиот ден кога дојдов овде“, изјави Хаверц.

Германскиот репрезентативец досега има 23 гола и осум асистенции во дресот на „топчиите“, бројки што очекува дополнително да ги подобри како што ќе одминува сезоната.

„Ова е само почеток, се надевам… Сакам да дадам уште многу голови за Арсенал, секако и да освојувам трофеи со овој клуб“, порача германскиот офанзивец.

Се вчитува...