Екипата на Спортинг Лисабон синоќа загуби од Мориеренсе во португалскиот шампионат. Тимот и натаму е на првото место на табелата, но сега разликата со Порто изнесува само три бода, со тоа што Порто има и натпревар помалку. Бенфика исто така може да се закани, со оглед дека има пет бода помалку, но и два меча помалку од првопласираниот.
Спортинг остана без „главната алка“, а тоа е тренерот Рубен Аморим кој замина во Манчестер Јунајтед. Се гледа дека заминувањето остави трага врз играчите, кои дефинитивно не прикажуваат игри какви што прикажуваа под негово водство.
Тимот од Лисабон загуби од Арсенал во Лигата на шампионите 1-5, а потоа во португалскиот шампионат беше поразен од Санта Клара на домашен терен, и вчера од Мориеренсе.
Тимот го води досегашниот помошник на Аморим, но дефинитивно ако работите не одат во посакуваната насока, Спортинг ќе мора да бара друго решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

