Лионел Меси на 37-годишна возраст со успех настапува за Интер Мајами и нема намера да замине во пензија. И не само што нема намера да ги „закачи копачките“, туку и намерува да се врати на „сериозниот“ фудбал во Европа.
Тоа го наговести со една изјава велејќи дека му недостасуваат навивачите на Барселона со кои сака одново да се сретне.
„Многу ми недостасуваат навивачите на Барселона и се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно. Верувам дека се горди на тоа што се дел од најдобриот клуб на светот“, изјави Меси.
Со оваа изјава веднаш предизвика реакција кај навивачите на каталонскиот клуб кои на социјалните мрежи го повикаа одново да го облече дресот на славниот клуб од „Камп Ноу“.
Меси во Барселона настапуваше од 12 годишна возраст се до 2021 година, освојувајќи се што може да се освои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

