Мурињо во војна со Пеп: Моите титули се чисти, за твоите имаш 150 обвиненија за криминал

Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо развија огромно ривалство во последните петнаесетина години, што почна откако Мурињо со Интер го елиминираше дрим-тимот на Барселона во полуфиналето од ЛШ, а Пеп се жалеше на ултра-дефанзивната тактика на Португалецот.

Препукувањата се проретчени низ годините, па затоа изненадувачка беше вчерашната изјава на Гвардиола, кој се пофали дека имал двојно повеќе трофеи во Премиер-лигата од Мурињо.

„Се надевам дека нема да ми се случи она што беше случај со Мурињо, кој доби отказ во Манчетер Јунајтед. Жозе и јас смеслични, тој има три титули, а јас шест пати триумфирав во Прмиер-лигата. Сепак, ние сме слични, согласни сме околу тоа. На тој начин покажуваме дека сме многу,многу подобри од она што луѓето го мислат за нас“, изјави Гвардиола.

Очекувано, не се чекаше многу на одговор од „специјалниот“, кој Истанбул испрати „отровни стрели“ кон ривалот, потсетувајќи го на истрагата што се води против Манчестер Сити, со 150 обвиненија од ФА против тимот на Гвардиола.

„Гледам дека Гвардиола зборувал нешто за мене, дека шест пати билшампион во Премиер-лигата, а јас само три пати. Е сега… кога јас освојував титули, тоа беше максимално фер. Кога губев, секогаш му честитав на противникот што бил подобар од мојот тим. Не сакам да победувам на таков начин, против мојот тим да се водат судски процеси. Да се фалиш дека си шампион, а имаш 150 обвиненија за криминал…“, порача во свој стил Жозе Мурињо.

Се вчитува...