Реал Мадрид ќе биде ослабен на вечерашното гостување против Џирона откако беше обелоденето дека Родриго заработил нова повреда поради која Бразилецот ќе мора повторно да отсуствува од фудбалските терени.
Тој минатата седмица се врати по претходната повреда, но во текот на вчерашниот ден се пожалил на болка во мускулот. Поради честите повреди Анчелоти и лекарскиот тим решиле тој воопшто да не патува со тимот за Каталонија, а дополнителноте прегледи ќе утврдат дали овој фудбалер ќе може да се врати до крајот на оваа календарска година.
Анчелоти за дуелот со Џирона нема да може да смета ниту на Винисиус, па друштво во нападот на Мбапе ќе му прави Брахим Дијаз, а се очекува нешто поофанзивна улога да добие и Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

