На патос за помалку од три секунди – најбрз нокаут во историјата (видео)

Џастин Вотсон испиша историја за најбрз нокаут во историјата на УФЦ  по експресно завршената борба против Кол Ферел во рамките од синоќешниот настан БКФЦ 69.

Вотсон и Ферел влегоа во октагонот, а по означувањето на почетокот борбата траеше само 2,9 секунди, откако Американецот со првиот удар го патосираше противникот. Времето на стоперицата покажа 2,9 секунди, што значеше и најбрз нокаут во историјата на УФЦ.

Со ова време, Вотсон го урна досегашниот рекорд на Улисес Дијаз, кој пред четири години го нокаутираше Донели Бенедето за три секунди.

Се вчитува...