Огромна е дебатата во шпанскиот фудбал околу ефектот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид низ актуелнава сезона по доаѓањето од ПСЖ.
Иако е јасно дека Мбапе е еден од најголемите проблеми на Реал во овој момент, Перез знае дека тој не е и најважниот, па на Карло Анчелоти му даде свое мислење за целата ситуација.
„Проблемот не е Мбапе, туку фудбалерот од средниот ред кој го загубивме. Без него се е сосема различно“ – вели Перез, а мислејќи на Тони Крос.
Перез веќе добро разбира каква празнина зад себе остави Тони Крос. Искусниот Германец одлучи да се повлече по минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

