Страшни вести од Премиерлигата. Ѕвездата на Вест Хем, Мајкл Антонио доживеа тешка сообраќајна несреќа, информираа од неговиот клуб.
Од Вест Хем, иако не објавуваат детали, истакнуваат дека сите во клубот се со мислите и молитвите со Антонио и неговото семејство.
На интернет просторот веќе се шират фотографии од неговото Ферари, иако непознато е дали се веродостојни.

Но, официјално е познато дека центарфорот на Вест Хем со хеликоптер е пренесен во болница, и познато е дека неговата состојба е исклучително тешка.
„Вест Хем може да потврди дека нашиот центарфор Мајкл Антонио доживеа сообраќајна несреќа денеска на пат. Сите во клубот сме со мислите и молитвите со Мајкл, неговото семејство и пријателите“ -се вели во соопштението од Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

