Ниту Аморим не знае „лек“ за спас на Јунајтед: Нотингем по полни 30 години славеше на „Олд Трафорд“… (ВИДЕО)

Ниту новиот менаџер Рубен Аморим не знае „лек“ за Манчестер Јунајтед доживувајќи го вториот пораз во низа и под негово водство, сега од на „Олд Трафорд“ од Нотингем Форест со 2-3 (1-1) во натпревар од 15. коло на Премиер лигата.

Никола Миленковиќ уште во втората минута од средбата ги донесе гостите до предност, за да во 18. минута Расмус Хојлунд израмни на 1-1.

Морган Гибс-Вајт во 47. минута донесе нова предност за Нотингем Форест, а само седум подоцна Крис Вуд веќе стрелаше и за 1-3.

Капитенот Бруно Фернандеш единствено во 61. минута успеа да ублажи за конечни 2-3. Домаќините не успеаја до крајот да најдат пат до мрежата на гостите барем за бод.

Нотингем Форест по полни 30 години успеа да победи на „Олд Трафорд“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...