ЛА Галакси по десет години ја освои титулата во САД…, Јовељиќ со мајсторски гол (ВИДЕО)

По десет години ЛА Галакси е повторно шампион во МЛС лигата во САД. До шестиот трофеј овој тим стигна со победата против Њујорк Ред Бул од 2-1.

Луди 13 минути беа видени во финалето во кое Пеинтсил уште во 9. минута погоди за водство на Галакси, а само четири минути подоцна одличен погодок постигна репрезентативецот на Србија, Дејан Јовељиќ за големи 2-0.

Јовељиќ по постигнатиот гол славеше во стилот на легендарниот Роби Кин, алудирајќи на тоа дека токму тој последен донесе трофеј за тимот од Лос Анѓелес.

25-годишниот Јовељиќ веќе четири години е дел од ЛА Галакси. Тој е дете на Црвена Звезда, заигра за првиот тим, а потоа беше продаден во Ајнтрахт Франкфурт од каде се пресели во САД.

Се вчитува...