Тренерот на Милан, Пауло Фонсека е пред суспензија поради критиките на судењето во поразот од Аталанта.
Фудбалскиот сојуз на Италија веќе почна постапка против Фонсека, за критиките на сметка на судијата Ла Пена, па на Португалецот му се заканува суспензија од еден или два меча.
„Главно молчев за судиите додека другите се жалеа, но денеска не можам да премолчам. Кај првиот гол беше прекршок, во тоа нема сомнеж. Судијата цел меч беше против Милан, ниту во тоа нема сомнеж. Знам дека судењето е тешка работа, навистина тешка, но секоја недела исто. Милан не добива ниту најмалку почит од судиите. Ме нервира што морам да зборувам против судиите, но револтиран сум од целата ситуација“ – истакна Фонсека, по мечот со Аталанта.
Ако Фонсека добие суспендиран, тоа ќе биде несекојдневно за италијанскиот фудбал, затоа што за вакви постапки главно се изрекуваат финансиски казни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

