Арсенал не успеа да ја продолжи победничката серија во Премиер-лигата откако „топчиите“ попладнево одиграа само 1-1 на градското дерби со Фулам, губејќи два значајни бода во трката за титулата. Раул Хименез со одлична соло-акцијата го донесе домашниот тим во водство, а Арсенал се мачеше да го наметне препознатливиот ритам. „Топчиите“ сепак стигнаа до израмнување благодарение на одличниот Садиба, кој погоди по корнер на асистенција на Хаверц.
Избраниците на Артета во 90. минута успеаја да постигнат и втор гол преку Букајо Сака, но тој беше поништен поради офсајд од асистентот Мартинели, па „топчиите“ мораа да се задоволат само со еден наместо со посакуваните три бода на овој меч.
Многу интересно беше на дуелот меѓу Лестер и Брајтон, на кој гостите имаа предност од 0-2 до пет минути до крајот, но „лисиците“ предводениод новиот тренер Руд ван Нистелрој успеаја да се вратат, благодарение на погодоците што ги постигнаа Варди и Де Кордова Рид.
Суперинтересен финиш имаше и дуелот меѓу Ипсвич и Борнмут (1-2), каде домаќините долго време имаа предност по голот на Чаплин во 14. минута, но Борнмут направи целосен пресврт во финишот, Унал погоди за 1-1 во 88. минута, пред Уатара во 95. минута да му донесе победа на Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

