Каталди: Му ветив на Бове дека ќе дадам гол за него…

Данило Каталди не постигнува премногу голови во кариерата, но денешниот победнички погодок против Калјари е нешто што фудбалерот на Фиорентина ќе го памети цел живот.

Не поради фактот што со тој погодок „виолетовите“ стигнаа до трите бода, туку бидејќи Каталди пред мечот комуницирал со Едоардо Бове и му ветил на соиграчот кој минатата седмица имаше срцев удар на терен дека ќе даде гол и ќе му го посвети на него. Затоа, очигледна беше среќата на Каталди веднаш по голот, трчајќи кон камерата и извикувајќи: Ти реков, ти реков…

„Секако дека многу ми значи… му пишав порака пред мечот, гледај на ТВ затоа што ќе дадам гол. Тој ми врати дека е невозможно, па кога топката заврши во мрежата полудев од среќа. Голот беше за Бове, она што го извикував беше упатено кон него“, изјави Каталди.

Се вчитува...