Нема шега со Челси: Од 0-2 до победа на градското дерби со Тотенхем

Фудбалерите на Челси одиграа неверојатен меч, славејќи со 3-4 на гостувањето против Тотенхем искачувајќи се на второто место на табелата, со два бода предност во однос на третопласираниот Арсенал. Триумфот на „сините“ е уште позначаен ако се знае дека Тотенхем имаше водство од 2-0 по десетина минути игра, но тимот на Енцо Мареска покажа и квалитет и карактер, со голем пресврт стигнувајќи до цел плен.

Почетните десет минути минаа во знакот на Марк Кукурелја, левиот бек на Челси два пати се лизна на теренот, а домаќините ги искористија тие подароци и поведоа со 2-0 со погодоците на Соланке и на Кулушевски. Џејдон Санчо погоди дваесетина метри преполовувајќи ја негативата на својот тим, а при 2-1 стопроцентна шанса пропушти Кол Палмер.

Возбудувањата кулминираа во вториот дел, Палмер израмни од пенал на 2-2, а при овој резултат Сон промаши стопроцентна шанса за Тотенхем. Казната стигна на спротивната страна кога Енцо Фернандез стрелаше прецизно за 2-3, пред Палмер со нов гол од пенал да зголеми на 2-4.

Конечните 3-4 беа дело на Сон во 96. минута, откако капитенот на Тотенхем стрелаше прецизно на асистенција на Медисон.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...