Јокиќ е кошаркарски генијалец, ова досега му нема успеано никому во НБА

Никола Јокиќ продолжува да дели кошаркарски лекции во НБА-лигата откако српскиот центар испиша нова историја – со два најдобри врзани меча во низа во најсилната кошаркарска лига во светот. Еден ден откако постигна 56 пени, 16 скока и 8 асистенции против Вашингтон, Србинот синоќа повторно блескаше, предводејќи го Денвер до убедлива победа од 111-141 на гостувањето против Атланта.

Тој го заврши дуелот со 48 поени, 14 скокови и 8 асистенции, со што стана прв играч во историјата на НБА што на два меча во низа реализирал вкупно 100 поени, 30 скокови и 15 асистенции…

Кливленд го претрпе само четвртиот пораз сезонава откако овој тим загуби на гостувањето против Мајами со 122-113. Тајлер Хиро со 34 поени и 7 асистенции го предводеше Мајами до победата, додека Гардланд со 23 беше најефикасен кај Кливленд, кој со скор 21-4 останува најдобар тим во НБА-лигата.

ЛА Лејкерс и без помошта на Леброн Џејмс стигна до триумф на дуелот со Портланд од 107-98. Во главна улога беше Дејвис со 30 поени и 11 скокови, а одлична игра прикажа и Расел со 28 поени и 14 асистенции.

Резултати НБА:

Атланта – Денвер 111-141, Мајами – Кливленд 122-113, Орландо – Феникс 115-110, Сан Антонио – Њу Орлеанс 121-116, Вашингтон – Мемфис 112-140, Голден Стејт – Минесота 114-106, ЛА Клиперс – Хјустон 106-117, Сакраменто – Јута 141-97, ЛА Лејкерс – Портланд 107-98.

Се вчитува...