Пари до небо: Потпишан е најбогатиот спортски договор во историјата

Доминиканскиот бејзбол играч Хуан Сото испиша историја потпишувајќи го најбогатиот договор на сите времиња откако потпиша договор со Њујорк метс за вкупно 765 милиони долари.

Договорот се однесува на следните 15 сезони, со што 26-годишниот Сото си обезбеди богата заработка до крајот на својата кариера. Тој само за потписот добил бонус од 75 милиони долари, а доколку се активираат и додатните клаузули во овој договор, вкупната сума ќе ја надмине границата од 800 милиони долари.

Доминиканецот оваа сезона играше за градскиот ривал Њујорк јенкис, управата на овој клуб му понуди 760 милиони долари за 16 години, по што Сото на крајот ја избра понудата на метс и потпиша договор со овој клуб.

Сото пристигна во САД во 2015 година, потпишувајќи на 16-годишна возраст за Вашингтон, три години подоцна дебитираше во МЛБ, а во својата втора сезона стигна до шампионската титула.

Новиот договор на Сото значеше и уривање на досегашниот рекорд на Шохеи Охтани, кој лани потпиша со ЛА Доџерс за вкупна сума од 700 милиони евра.

Се вчитува...