Организаторите на Австралија Опен 2025 соопштија дека домашниот тенисер Ник Кирјос, кој долго беше надвор од терените поради повреда, сега се враќа на грандслем турнирите и тоа директно на главниот турнир без квалификации.
Кирјос е на листата тенисери кои ќе играат директно на главната ждрепка. За него ова е враќање по повеќе од две години. Последен грандслем турнир на кој Кирјос настапи беше УС Опен во 2022 година, а последен пат воопшто настапи во Штутгарт во 2023 година.
Од тогаш беше надвор од терени. Сега, Кирјос и покрај паузата ќе настапи како 21. носител поради правилото на Австралија Опен во предвид да се зема просечниот пласман во првите три месеци од повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

