Како што пренесува „Скај спорт“, англискиот премиерлигаш Ливерпул започнал преговори со тројца играчи и им понудил продолжување на договорот.
Трент Александер-Арнолд, капитенот Вирџил Ван Дијк и Мохамед Салах имаат актуелни договори до крајот на сезоната. Првите двајца го имаа своето последно продолжување во 2021 година, додека Салах го доби една година подоцна.
Сигурно дека челниците на Ливерпул ги очекува тешка и голема работа, но станува збор за тројца фудбалери кои со години се столб на тимот.
Салах е во клубот од 2017 година, Ван Дијк од 2018 година, додека неговиот заменик кога е капитенската лента во прашање, Александар Арнолд е дете на клубот и веќе осум години игра за првиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА