Партизан во следниот период без услугите на Ифе Лундберг

Кошаркарите на Партизан се единствениот непоразен тим во АБА лигата и по 11. коло, а можат да се пофалат и со добра евролигашка серија од четири врзани победи со реални изгледи за подобрување на скорот во двете конкуренции до крајот на годината.

И покрај одличните резултати, Жељко Обрадовиќ има причини за главоболка со оглед на тоа што веројатно нема да можат да сметаат на помошта на Ифе Лундберг уште две недели.

Данскиот репрезентативец се уште се опоравува од скинатиот мускул над колкот, повреда за која генерално се препорачува максимален одмор. Црно-белиот бек, според информациите на српските медиуми, нема да може да помогне против Алба во четврток на 11. декември во 15. коло од елитното европско натпреварување.

Голем знак прашалник е и неговото учество во преостанатите натпревари до Нова година, вклучувајќи ги и евролигашките дуели со Асвел и Анадолу Ефес на гости и домашниот меч против Фенербахче.

Се вчитува...