И покрај тоа што е непоразен во Серија А, на Мота му се „тресе столчето“ во Јувентус

И покрај тоа што е единствениот непоразен тим во Серија А оваа сезона, Јувентус имаше разочарувачки старт под водство на Тиаго Мота. Со 27 освоени бода во првите 15 кола, торинскиот клуб го забележува вториот најлош учинок во последните 14 години.

Тие моментално го заземаат шестото место во поредокот со седум бода помалку од лидерот Аталанта. Најлошиот старт во овој период го забележа Масимилијано Алегри во сезоната 2021/22, кога во првите 15 кола освои 24 бода, со седум победи, три нерешени и пет порази. Таа година Јувентус заврши на четвртото место со вкупно 70 бодови.

Во Лигата на шампионите ситуацијата е исто така далеку од идеална. Јувентус е на 19. место во генералниот пласман со осум бодови, додека водечкиот Ливерпул има 15 бодови. Големиот предизвик за „старата дама“ доаѓа оваа среда кога го пречекуваат Манчестер Сити во Торино, што може да биде клучен натпревар за нивниот европски статус.

Се вчитува...