Милан без Пулишиќ на мечот против Црвена звезда

Италијанскиот прволигаш Милан најмалку една недела ќе биде без Кристијан Пулишиќ, кој ја повреди потколеницата, соопштија во понеделникот од клубот.

Пулишиќ, кој оваа сезона постигна осум гола и забележа пет асистенции во сите натпреварувања, се повреди во поразот на неговиот тим од Аталанта со 2-1 во петокот.

„Прегледите направени во понеделникот наутро открија лезија на солеусниот мускул на десната потколеница, нови прегледи ќе бидат направени за една недела“, стои во соопштението на Милан.

Ќе мора да ги пропушти најмалку следните два натпревари, против Црвена звезда во среда во Лигата на шампионите и против Џенова во Серија А во недела.

Се вчитува...