Премиерлигата го отпушти судијата кој го пцуеше Клоп и кој му додели намерен жолт картон на Алиоски

Приказната која ја потресе Премиерлигата во претходните недели добива епилог. Во понеделникот и официјално беше потврдено дека судијата Дејвид Кут, кој се најде во центарот на вниманието поради вулгарното однесување кон тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, е отпуштен.

Во ноември се појави видео на кое се слушаат навредите на Кут кон германскиот тренер.

„Дејвид Кут има право на жалба на одлуката за престанок на работниот однос“, стои во официјалното соопштение на правосудниот орган на ПГМОЛ.

По контроверзното видео кое го обиколи интернетот, набрзо почнаа да се појавуваат и други инкриминирачки информации за 42-годишниот судија од Нотингем.

Медиумите на Островот добија видео долго осум секунди споделено на на кое наводно се гледа како Кут шмрка кокаин за време на овогодинешното Европско првенство во Германија.

Се вчитува...