Поранешниот италијански репрезентативец Леонардо Бонучи минатата сезона стави крај на својата кариера, и тоа во дресот на Фенербахче каде ја мина последната играчка сезона.
Познато е дека најдобрите моменти во кариерата ги мина во Јувентус, и тоа во два наврати. Сега откри зошто бил принуден да замине од Јувентус во 2017 година. Поради жестока расправија со тренерот Алегри.
„На еден натпревар му сугерирав да го замени Маркизио бидејќи беше мртов на теренот затоа што се врати по пауза од повреда, и навистина не можеше. Но, по пет минути Алегри го промени Стуароро за Ринкон и ми кажа да ‘одј*бам’. Покрај тоа дополни и дека сум кретен и дека треба да размислам за тоа да бидам само фудбалер. Ме навредуваше, па не издржав. На крајот од натпреварот буквално го зграпчив, го забив во ќошот од вратата на соблекувалната. Којзнае што ќе беше да не се замешаа останатите да не разделат“ – раскажува сега Бонучи.
Еден од најдобрите италијански дефанзивци во историјата, за репрезентацијата на Италија одигра 121 натпревар, постигнувајќи и осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

