Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката, Арина Сабаленка е добитничка на наградата „Играч на годината“ на ВТА, објави Женската тениска асоцијација.
Зад 26-годишната Белорусинка е најдобрата сезона во нејзината кариера, во која ја одбрани титулата на Австралија опен и првпат го освои УС Опен, што ја доведе до светскиот „број 1“ на крајот од 2024 година.
Американката Ема Наваро беше наградена како „Играч кој најмногу напредуваше“, а Шпанката Паула Бадоса ја доби наградата за „Камбек на годината“. Новозеландската тенисерка Лулу Сан, ја доби наградата за „Новиот играч на годината“. Таа е најдобро запаметена по тоа што стигна до четвртфиналето на Вимблдон од квалификациите, пред да биде сопрена од Дона Векиќ.
Најдобра двојка на годината се олимписките победнички од Париз, Италијанките Сара Ерани и Јасмин Паолини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

