Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, го казни играчот на Минесота тимбервулфс, Ентони Едвардс со 25.000 долари поради вулгарности при изјава по натпреварот против Голден Стејт.
Минесота го победи Голден Стејт со 107-90 на 6 декември, а Едвардс по натпреварот даде изјава за медиумите и употреби вулгарности, соопшти НБА. Едвардс на тој натпревар постигна 30 поени.
Оваа сезона тој има просек од 26,4 поени, 5,4 скока и четири асистенции по натпревар. Минесота има 12 победи и 11 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

