Една од најлошите НБА екипи оваа сезона, Њу Орлеанс која има скор од пет победи и 20 порази доби лоши вести бидејќи остана без услугите на својот најдобар кошаркар Брендон Инграм на подолг период.
Американското крило заработи повреда на стапалото на средбата против Оклахома по што го пропушти дуелот со Сан Антонио, а по деталните прегледи познато е дека го чека и долга рехабилитација. Њу Орлеанс не наведе колку тој точно ќе отсуствува, но според американските медиуми тој нема да биде на паркетот во следните три месеци.
Инграм оваа сезона бележеше просек од 22.2 поени, 5.6 скокови и 5.2 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

