Ромеро со жестока критика: Проблемот на Тотенхем не е во фудбалерите и тренерите

Стоперот на Тотенхем, Кристијан Ромеро ја критикуваше управата на клубот по поразот во градското дерби против Челси. Неговиот тим имаше предност од 2-0, но на крајот загуби со 3-4 што наиде на незадоволство кај Аргентинецот.

Во интервју за шпанска телевизија кое прво беше емитувано, а потоа повлечено причината за лошите резултати во последните години Ромеро ги најде во раководните лица, а не фудбалерите и тренерите кои се менуваат постојано.

„Манчестер Сити се натпреварува секоја година, гледате дека Ливерпул се засилува. Челси се засилува, не му одеше добро, но се засили и сега гледате резултати од тие засилувања. Тоа се работи кои ние треба да ги имитираме. Морате да сфатите дека нешто не е во ред, се надевам дека управата ќе го сфати тоа.

Последните неколку години постојано иста приказна – прво се менуваат играчите, потоа тренерот, а истите луѓе се уште се одговорни. Се надевам дека ќе сфатат кој навистина е одговорен и ќе тргнеме напред, бидејќи ова е фантастичен клуб. Со постоечката структура би можеле многу лесно да се бориме за титула секоја година“, изјави Ромеро.

Се вчитува...