Панатинаикос не се наоѓа во најдобра форма, актуелниот европски првак моментно има осум победи и шест порази и се наоѓа на шестото место на евролигашката табела.
Сепак, тренерот Ергин Атаман не делува премногу загрижено… напротив, трофејниот стручњак е убеден дека неговиот тим повторно ќе се закити со трофејот, па јавно ги повика навивачите на ПАО да почнат да купуваат билети за фајналфор турнирот што во мај 2025 година ќе се одржи во Абу Даби.
Најдобриот кошаркар на ПАО, Кендрик Нан, денеска беше казнет со еден меч неиграње поради исклучувањето на дуелот со Партизан, а Атаман веднаш по официјализацијата на оваа санкција се јави со изјава.
„Ако некој мисли дека ќе го запре Панатинаикос со необични казни, треба да знае дека со тоа само уште повеќе ме мотивира мене, но и моите играчи. Ви благодариме за мотивацијата…. Навивачи на Панатинаикос, резервирајте си билети за Абу Даби и подгответе се за осмата ѕвездичка“, порача Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА