Денеска е и официјално, фудбалскиот муднијал во 2030 година ќе се одржи на три континенти, и тоа во шест различни држави кои ќе ги пречекаат најдобрите светски селекции.
Станува збор за супер-јубилеј, стогодишнина од приот светски шампионат што се одржа во Уругвај, па ФИФА го прифати планот првите три натпревари од СП 2030 да се играат на јужноамериканскиот континент, и тоа во Уругвај, Аргентина и Парагвај, на 8 и 9 јуни 2030 година.
Потоа, целокупниот турнир ќе се пресели од другата страна на Атлантикот, каде улогата на трио – домаќини ќе ја имаат Мароко, Шпанија и Португалија. Шпанија и Португалија имаа заедничка кандидатура, за неодамна да им се приклучи и Мароко, па овие три држави денеска и официјално ја добија довербата на ФИФА за организација на најголемото светско фудбалско натпреварување.
Сосема очекувано, за домаќин на СП 2034 беше избрана Саудиска Арабија, но ФИФА дополнително ќе ги утврди термините за одржување на овој мундијал поради жештините што владеат во оваа држава во текот на летото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА