Миовски: Оваа 2024 беше прекрасна за мене, во 2025 ќе се вратам уште посилен…

Бојан Миовски предвреме ја заврши оваа 2024 година, откако нашиот голгетер заработи незгодна повреда пред дуелот со Ливерпул, по што му следи пауза од најмалку шест седмици од фудбалските терени.

Миовски преку порака на својот официјален твитер-профил се осврна на годината што изминува, потенцирајќи ја гордоста од оствареното, како на клупски така и на репрезентативен план.

„Оваа 2024 година беше специјална за мене… Му помогнав на Абердин во една тешка сезона, по што следеше и трансферот во Џирона како голем чекор напред во мојата кариера. Постигнувањето голови и играњето во Ла Лига значеше и остварување на уште еден сон, исто како и дебито во Лигата на Шампионите, незаборавни моменти кои засекогаш ќе останат во моите сеќавања… Помогнав на мојата земја да го освои првото место во групната фаза, испишавме историја со репрезентацијата уривајќи многу рекорди. За жал,во понеделникот се повредиви оваа година е завршена за мене. Сепак, тоа е само уште еден предизвик, знамдека ќе се вратам посилен. Се гледаме на терен за шест седмици“, порача Бојан Миовски.

Се вчитува...