И тоа се случи: Џенаро Гатузо по 22 години ја избричи брадата

Џенаро Гатузо долго време и како играч и како тренер беше препознатлив по брадата на своето лице, но италијанскиот стратег конечно го промени својот имиџ.

Гатузо по цели 22 години реши целосно да ја избричи брадата откако тренерот на Хајдук се приклучи на хуманитарната „Брадеста акција“ што традиционално се одржува во Далмација.

Станува збор за акција со која се собираат средства за промоција и унапредување на машкото здравје. Како што информираат хрватските медиуми, само оваа година се прегледани повеќе од 350 мажи, избричени 250 бркови и бради, при што се собрани околу 150.000 евра за здруженијата за борба против ракот во Сплит, Винковци и во Пула.

Се вчитува...