Фудбалерите на српскиот шампион Црвена звезда иако одиграа храбро на крајот сепак беа поразени на гостувањето кај Милан со 2-1 во меч од 6. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Гостите успеваа да му одолеваат на големиот фаворит се до финишот на првото полувреме кога Рафаел Леао во 42. минута им донесе водство на „росонерите“. Израмнување од 1-1 донесе Радоњиќ во 67. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Тами Абрахам во 87. минута.
Milan [2] – 1 Crvena Zvezda – Tammy Abraham 87'
byu/Dahleb insoccer
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 6. КОЛО:
АТЛЕТИКО МАДРИД – СЛОВАН БРАТИСЛАВА 3-1
ЛИЛ – ШТУРМ 3-2
МИЛАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 2-1
АРСЕНАЛ – МОНАКО 3-0
БЕНФИКА – БОЛОЊА 0-0
БОРУСИЈА Д. – БАРСЕЛОНА 2-3
ФЕЕНОРД – СПАРТА ПРАГА 4-2
JУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР СИТИ 2-0
ШТУТГАРТ – ЈАНГ БОЈС 5-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА