Хјустон рокетс е последниот учесник на завршниот турнир на НБА-купот откако „ракетите“ во драматичен меч славеа над Голден Стејт вориорс со минимални 91-90. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Голден Стејт на нешто повеќе од минута до крајот имаше водство од 84-90, но Кари промаши обид за тројка, а Пејтон и Куминга загубија по една топка, што противникот го искористи за да стигне до победа, со слободните фрлања што ги реализираше Џејлен Грин.
Шенгун со 26 поени и 11 скокови беше најефикасен во победничкиот тим, додека на спротивната страна најдобар стрелец кај Голден Стејт беше Куминга со 20 поени.
Пласман во полуфиналет од НБА-купот претходно обезбеди и Атланта, со победата од 108-100 над тимот на Њујорк никс. Кошаркарите на Њујорк имаа двоцифрено водство од 52-62 кога Атланта влезе во ритам, со серија од 16-4 го сврте резултатот во своја полза и на крајот заслужено се радуваше на победата. Хантер ги предводеше стрелците на Атланта со 24 поени, Јанг имаше дабл-дабл од 22 поени и 11 асистенции, а најдобар поединец кај Њујорк беше Харт.
Атланта за противник во полуфиналето ќе го има составот на Милвоки, додека Хјустон ќе се сретне со екипата на
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА