Шведското Обвинителство утрово објави дека ја затвора истрагата против Килијан Мбапе, откако францускиот фудбалер беше осомничен за силување за време на своето патување во Стокхолм пред два месеца.
Мбапе со пријателите мина неколку дена во шведската метропола, а на денот на неговото враќање во Мадрид одекна информацијата дека едно женско лице дошло во полициска станица, тврдејќи дека била сексуално нападната од Французинот. Мбапе цело време тврдеше дека е невин и дека е на располагање на обвинителите ако се побара исказ од него, но истрагата денека и официјално беше завршена.
„Истрагата беше водена против едно лице осомничено за силување и уште два случаја на сексуално вознемируање. Сепак, по ссобраните докази беше јасно дека нема доволно индиции за да се продолжи со овој случај и затоа истрагата е завршена“, објави Вишата обвинителка Марина Чиракова, која беше назначена за истрага за овој случај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА