Големи проблеми за Милан по натпреварот против Црвена звезда синоќа во Лигата на шампионите кој домашните со многу мака го добија со 2-1. Алваро Мората и Рубен Лофтус-Чик ја напуштија играта во 29. минута.
Двајцата играчи на Милан утрово беа подложени на медицински тестови кои ја потврдија повредата на адукторот на Мората, додека Лофтус-Чик се здобил со кинење на мускулот на тетивата.
Според италијанските медиуми, многу е веројатно дека и двајцата ќе ги пропуштат останатите натпревари во календарската 2024 година, при што Лофтус-Чик најверојатно ќе биде надвор од терените подолго време и неговата состојба повторно ќе биде оценува за десет дена.
Милан претходно остана и без американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ, кој е најдобар стрелец на тимот оваа сезона во италијанската Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА