Атанас Костовски добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“

Доајенот на македонското спортско новинарство Атанас Костовски е добитник на државната награда „Мито  Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на новинарството.

Заедно со Костовски наградата ја добија и Иван Антоновски и Делвина Крлуку кои се лауреати за публицистика, соопшти Одборот за наградата.

Наградата ќе им биде врачена на 21 декември во 10.30 часот, во свечената сала на Собранието.

Се вчитува...