Реал Мадрид без Мбапе во Интерконтиненталниот куп

Играњето на Килијан Мбапе во Интерконтиненталниот куп е под голем знак прашалник, поради повредата која ја доби за време на мечот против Аталанта. Французинот се здоби со повреда на бутот на левата нога, но нема и натаму дополнителни детали околу паузата.

Сепак, периодот на опоравување е 10 дена, па така тој сигурно ќе го пропушти мечот со Рајо Валјекано во Ла Лига, а можеби нема да може да му помогне на својот тим и во следните натпревари.

Клубот не ја исклучува можноста Мбапе да отпатува со екипата во Катар, па дури и да одигра неколку минути ако тоа е потребно. Сепак, тоа е засега далечно сценарио.

Реал Мадрид ќе игра директно во финалето со победникот од мечот Пачука – Ал Ахли. Финалниот меч е на 18 декември.

Се вчитува...