Шахот го доби најмладиот светски шампион

Индискиот шахист Гукеш Домараџу е новиот светски шампион. Домараџу (18) во финалето во Сингапур го победи актуелниот шампионка Лирен Динг од Кина.

Индиецот славеше по 14 натпревари. Во првиот славеше кинескиот претставник, а потоа два во низа триумфираше Гукеш, по што следеа осум ремија во низа. Потоа ново реми и на крајот победа на младиот шахист.

Динг погреши на натпреварот одигран во четвртокот, дозволувајќи му на противникот да слави со резултат 7,5-6,5.

Домараџу со тоа го надмина Гари Каспаров, кој беше најмлад шампион од 1985 година. Индиецот е четири години помлад во однос на Каспаров, кога го победи Анатолиј Карпов.

Наградниот фонд на првенството изнесуваше 2,5 милиони долари. Секоја победа вредеше 200.000 долари.

Се вчитува...