Четирикратниот шампион во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен во разговор за англиските медиуми говореше за неговите фудбалски тимови и откри дека за него не постои ривалство.
Тој навива и за Ливерпул и за Манчестер Јунајтед, а очекувано за овие два тима кои важат за големи ривали го приврзуваат неговите сонародници, легендарниот Алекс Фергусон, Руд ван Нистелрој и Робин ван Перси како и актуелните фудбалери Вирџил ван Дајк и Коди Гакпо.
„Манчестер Јунајтед ме привлече под водство на Сер Алекс Фергусон, а пресудна беше поврзаноста со холандските играчи како што се Руд ван Нистелрој и Робин ван Перси. Кога сте веќе навивач подлабого влегувате во историјата и постигнувањата на клубот.
Не сум еден од тие кои мразат други клубови. Им се восхитувам на Вирџил и Коди, кога и да направат успех со Ливерпул тоа ме радува. Имаат импресивни резултати. Исто така сум навивач и на Барселона, така да не станува збор за омраза кон ривали, туку го ценам добриот фудбал“, откри 27-годишниот возач на Ред Бул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА