Верните фанови на Челси кои го бодреа клубот на долг пат и минусни температури добија посебен подарок

Натпреварот од петтото коло во Конференциската лига за Челси донесе долго гостување во Казахстан за средба против Астана. Тренерот Енцо Мареска за аватурата долга 5600 километри ги поштеди најголемите ѕвезди, но и „младинците“ си ја одработија задачата па „сините“ ја продолжија победничката низа.

Долгото патување, неатрактивниот противник и ледените температури ги спречија најголемите ѕвезди да се најдат на стадионот, но не и 500 верни навивачи кои го бодреа својот клуб. За пожртвуваноста и верноста добија и посебен поклон од Челси – привезок со напис „Над небо и земја“ на кој е означена и дистанцата помеѓу „Стемфорд Бриџ“ и Алмати, градот во кој се одигра средбата.

Се вчитува...