Душко Ивановиќ дебитираше на клупата на Виртус Болоња и тоа против неговиот доскорешен клуб Басконија забележувајќи победа во драматичен финиш и тоа благодарение на Вил Клајбурн.
На четири секунди пред крајот на средбата Басконија имаше предност од 81-78, а во последниот напад на средбата Клајбурн погоди тројка за изедначување при која беше и фаулиран. Американецот реализираше успешно и од линијата за слободни фрлања па италијанскиот тим со целиот плен заминува од Шпанија.
View this post on Instagram
Серијата на порази на Реал Мадрид се продлабочи на три во низа откако „кралскиот клуб“ загуби на домашен терен од Жалгирис со 83-92.
За Литванците тоа е втора победа во низа со што сега Жалгирис се искачи на шесттата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА