Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд смета дека нему и на неговите соиграчи им треба повеќе време за да го усовршат системот 3-4-3 на новоиот менаџер Рубен Аморим.
Хојлунд е задоволен од играта и победата на својот тим на гостувањето против Викторија Плзен од 1-2 на европската сцена.
„Рано е за да очекувањат се преголеми, затоа што ни треба повеќе време да се адаптираме на новиот стил на игра и барања на менаџерот. Но, оваа формација сосема ни одговара, иако ни треба уште многу вежбање и време. Немаме многу тренинзи, па и самите натпревари ни се еден вид тренинг“ – вели Хојлунд.
„Во Плзен беше тешко, поради студеното време, условите беа тешки за игра, а теренот беше со кал. Моравме да се справиме со тоа, да се навикнеме, а потоа завршвме како што треба“ – дополнува данскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА