„Не е праведно тенисерките да заработуваат исто како тенисерите“

Поранешниот руски тенсиер Николај Давиденко вели дека премиите на машките и женските тениски турнири не треба да бидат еднакви.

Поранешниот освојувач на завршниот мастерс во сезоната вели дека на гранд-слемите не треба да биде така бидејќи мажите играат во три добиени сета што е многу поисцрпувачки него дамите кои играат во два.

„На турнирите од серијата 250 и 500, како и на 1.000 тоа е можно. Но, не е фер на  гранд-слем турнирите. Мажите играат пет сета, жените не. Серена Вилијамс освои титули губејќи десет гема на целиот турнир. Таа би победила со 6-0, 6-1 или 6-2 без воопшто да се испоти. А тенисерите губат десет гема веќе во првиот меч. Мора да се бориме. Се случува да победите во пет сета во првата рунда и тогаш сте уморни. Машките тенисери работат три пати повеќе од тенисерките, особено на  гранд-слемовите. Затоа е неправедно што имаат исти награди“, изјави Давиденко. 

Се вчитува...