Формула 1 доаѓа во Руанда!?

Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, денеска соопшти дека оваа африканска земја официјално се пријавила за домаќин на трка во Формула 1, која, според него, би се одржала во главниот град Кигали.

Последната Формула 1 трка на африканскиот континент се одржа во 1993 година, кога јужноафриканската патека Кјалами беше домаќин.

„Среќен сум што официјално можам да објавам дека Руанда е во трка да ја врати возбудата на автомобилските трки во Африка со тоа што ќе биде домаќин на Големата награда на Формула 1“, рече Кагаме на отворањето на генералното собрание на ФИА во Кигали. 

Претседателот на Руанда го поздрави одржувањето на годишниот конгрес на ФИА на африканскиот континент, нарекувајќи го „важен чекор“ кон поврзување на авто-мото индустријата со африканските навивачи и возачи.

Критичарите ги обвинуваат Кагаме и неговата администрација за таканаречено „спортско перење“, односно дека користат меѓународни настани на високо ниво за да ја зајакнат својата репутација при прикривање на сериозни прекршувања на човековите права, задушување на слободата на изразување и ограничување на другите слободи.

Се вчитува...