Евролигата би го дочекал со раширени раце, а тој е само епизоден играч на екипа која не победува, и затоа некогашниот МВП на Евролигата Василије Мициќ е пред голема дилема, дали да е врати во Европа.
Неговиот Шарлот синоќа беше поразен од Чикаго, а српскиот кошаркар имаше ноќ за заборав. Во 25 минути постгина седум поени, со многу лоши проценти за шут.
Така заврши серијата од три меча на кои имаше двоцифрен поентерски резултат – постигна 14 против Њујорк, 13 против Кливленд и дури 18 поени против Индијана на последниот одигран меч. Сепак, сега не беше ни блиску до толку добар поентерски ритам, иако се обидуваше да се наметне и да и помогне на тимот со скокови и асистенции.
Се повеќе се наметнува прашањето, дали на Мициќ му е доста од НБА, со оглед дека лесно би можел да најде клуб во Евролигата.
Неколку исклучително богати европски екипи моментално се во криза и нема сомнеж дека Мициќ би им бил одлично засилување во остатокот од сезоната, особено ако се земе предвид реномето што го изгради пред да замине во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА