Барселона се огласи по можноста Олмо да си замине уште во јануари

До крајот на годината Барселона мора да го регистрира Дани Олмо за остатокот од сезоната, но клубот оптоварен со финансиски проблеми мора да ги намали трошоците или да ги зголеми приходите за ова. Според шпанските медиуми, Олмо не сака да се повторат околностите на почетокот на сезоната кога мораше да ги пропушти првите две кола од шпанското фудбалско првенство поради тешкотии во регистрацијата. Додаваат дека е разочаран и лут од ваквата ситуација. 

Поради сето ова наведуваат дека не би било изненадување доколку замине веќе во зимскиот преоден рок, само неколку месеци откако го направи најголемиот трансфер во кариерата. Тоа го овозможува и договорот кој го потпишал при неговото пристигнување, а кој содржи клаузула со која се гарантира негов раскин доколку има проблеми со регистрацијата, како што може да биде случај сега. Челниците на клубот веднаш реагираа, а во јавноста се огласи спортскиот директор Деко.

„Има внатрешни проблеми во клубот, но сè ќе решиме на време. Барселона навреме ќе го регистрира Олмо“, изјави легендарниот фудбалер, одговарајќи на прашањето дали каталонскиот клуб ќе успее да ги пријави сите свои играчи.

Се вчитува...