Вест Хем е во голема жалост, откако 15-годишниот голман Оскар Ферс ја загуби битката со ракот. Тој се бореше со оваа болест од август 2023 година, откако се пожалил на мигрена и силни главоболки. Младиот голман бил опериран осум пати откако му била дијагностицирана болеста.
Тимот се огласи по повод оваа трагедија.
„Оскар беше обожаван од сите на Академијата: не само што беше одличен голман, тој беше вистински „чекан“ и фантастичен млад човек, кој длабоко ќе им недостига на сите што имаа задоволство да го запознаат“, рече Марк Нобл, поранешен капитен а сега спортски директор на Вест Хем.
It is with deep and profound sadness that West Ham United confirm the tragic passing of our U15s Academy goalkeeper Oscar Fairs, following his brave battle with cancer.
Rest in peace, brave Oscar.
— West Ham United (@WestHam) December 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА