Денеска во 18:00 часот во салата „Боро Чурлески“ во Битола се игра најголемото македонско дерби. Еурофарм Пелистер во полна сала ќе го дочека Вардар. Дерби кое на крајот може да биде одлучувачко и за титулата во македонскиот шампионат.
Салата во Битола беше распродадена за само седум минути, што претставува рекорд за еден меч во ракометната супер лига. На трибините во салата ќе има и од навивачите на Вардар, па така ќе има голема борба и на паркетот, и на трибините.
И едните и другите во пресметката влегуваат со нови тренери, за разлика од нивниот меѓусебен натпревар. Така сега на клупите нема да бидат Бранко Ангеловски и Владо Недановски, туку Раул Алонсо и Гиљермо Милано.
На првата пресметка Вардар славеше со 27-24, во меч одигран во „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА