Поранешниот селектор на Германија во ски скокови, Волфганг Штајерт, почина на 61-годишна возраст, соопшти Германскиот скијачки сојуз. Причината за смртта се уште не е позната, пренесува Билд.
„Со длабока тага Германската скијачка асоцијација се сеќава на својот поранешен тренер во ски скокови Волфганг Штајерт, кој почина на 12 декември. Нашите мисли и сочувство се со неговото семејство во овој тежок момент“, стои во објавата нa aсоцијацијата.
Штајерт ја започна својата тренерска кариера во 1991 година. Само две години подоцна, тој стана помошник тренер на националниот тим, каде што направи големи работи со Свен Ханавалд и Мартин Шмит . Тој ја презеде функцијата главен тренер во 2003 година откако локалната асоцијација се раздели со Рајнхард Хес.
По само една година, Штајерт беше заменет со Питер Рохвејн (62) поради различни несогласувања, а потоа ја презеде репрезентацијата на Русија и ги предводеше скокачите како Денис Корнилов (38) и Дмитри Василиев (44) на врвот на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА